🎵РАСПЕАНИ ВАЛАНДОВЧАНИ ВО ЧЕСТ НА ЈАНКО УЗУНОВ


🎙️ Годишниот концерт на „Распеани Валандовчани“ оваа година ќе биде посветен на музичкиот деец Јанко Узунов.

Се работи за еден од најпознатите валандовчани со богата музичка кариера зад себе. Познат како „момчето со мандолина“, Јанко има настапувано на огромен број фестивали, добиено голем број награди и е автор на многу популарни музички композиции.

Основач е на Естрадна школа - УЗУН и преку работа во истата има музички образовано стотици млади таленти од нашата држава.

На концертот, за ликот и делото на Јанко Узунов ќе се обратат неговите соработници Ванчо Тарабунов, Никола Фириев, Горан Алачки и Валентина Ѓоргиевска Парго.

Свој настап ќе имаат неговата сопруга Жаклина Узунова, Александра Станковска од УЗУН - Естрадна школа и домаќините Распеани Валандовчани.

Настанот ќе се одржи на 19.11.2021 год. (петок) во 19:00 часот, во Кино Сала - Валандово. Влезот е слободен.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР