СИМБОЛ НА УСПЕХОТ И ПОТЕНЦИЈАЛОТ НА НАШАТА ОПШТИНА: КОСТАДИН ТАНЧЕВ ДИНКА


📓 Под промоторство на универзитетските професори Тони Васиќ и Јордан Стојаноски публиката во салата „Јанко Узунов“ во Валандово се запозна со монографијата „Од слика и графика до нови медиуми“, на Костадин Танчев - Динка.

Костадин Танчев - Динка, е култен валандовчанец кој години наназад остава трага во областа на уметноста и дизајнот, и создава вредност преку неговиот графички израз.

🍥 Добитник е на бројни домашни и меѓународни награди и признанија, образувал редица млади дизајнери и е еден од основоположниците на графичкиот дизајн во нашата држава.

Како добитник на наградата „6 Ноември“, Костадин Танчев - Динка е гордост на општина Валандово и претставува симбол на успехот и потенцијалот на нашата заедница.

Градоначалникот Перо Костадинов му посака уште многу успеси, му се заблагодари за се што создал зад себе, му посака добро здравје и уште долги години творештво.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР