ЛИКОВНА КОЛОНИЈА ВО ВАЛАНДОВО


🖌 Заедно со учесниците на ликовната колонија „Валандово 2021“ градоначалникот Перо Костадинов разговараше за важноста на оваа манифестација и вредноста која се создава преку истата. На уметниците им се заблагодари за учеството и им посака успех во идната работа.

🎨 Валандовската ликовна колонија има меѓународен и традиционален карактер. Истата опстојува 25 години и во неа учество земаат ликовни уметници од цел свет.

🖼 „Валандово 2021“ започна на 23 јули и ќе трае до 29 јули. Годинава на ликовната колонија освен домашните, учество земаат и ликовни уметници од Шведска, Црна Гора, Албанија, Белгија и Косово, и истите творат во техника акрил на платно и создаваат уметнички дела со непроценлива вредност.

Создадените дела остануваат во сопственост на Домот на култура "25 мај" - Валандово и се дел од валандовската посебност и вредност.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР