Kонкурс за ангажирање на еден проектен координатор


Центарот за развој на Југоисточниот плански регион објавува конкурс за ангажирање на еден проектен координатор за потребите на проектот „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“ финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020.

Заинтересираните кандидати за горенаведената работна позиција својот интерес можат да го најават со доставување на кратка биографија (CV), мотивационо писмо на англиски јазик, копија од Диплома за завршено образование, како и дополнителни документи за докажување на критериумите од конкурсот, со назнака „По конкурс за проект Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“, најдоцна до 26.02.2021 година (петок), до 16.00 часот, во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Бул. „Маршал Тито” бр. 1-1, 2400 Струмица.

Целосниот текст на конкурсот како и прилозите може да се превземат од следниве линкови:

1. Конкурс по проект „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“
2. Прилог 1 – Работни задачи на проектен координатор
3. Прилог 2 – Europass CV
4. Прилог 3 – Прирачник за имплементација на проекти

Извор: southeast.mk

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР