ЈАВЕН КОНКУРС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ
Врз основа на член 7 од Правилникот за утврдување на начинот и поблиските услови за именување на членови на комисиите за пописните реони и селекција и избор на реонските попишувачи и реонските инструктори, Државниот завод за статистика објавува јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година во периодот од 01-21.04.2021 година во својство на:
• Реонски попишувачи и
• Реонски инструктори.
Потребниот број на реонски попишувачи и реонски инструктори што треба да се изберат по пописни реони и според јазикот на кој ќе се врши попишувањето, за општина Валандово е вкупно 30 попишувачи и 3 инструктори и тоа:
- 25 попишувачи на македонкси јазик
- 3 попишувачи на турски јазик
- 2 попишувачи на српски јазик и
- 3 инструктори
Општи услови:
- да се дравјани на Република Северна Македонија
- да се полнолетни
- да имаат завршено најмалку средно образование и
- да немаат засновано работен одност
За повеќе информации и начин на аплицирање може да го видите огласот на овој ЛИНК.