РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЧИЛИШТЕТО ВО ПИРАВА


🏫 Општина Валандово доби грант од Министерството за образование и наука, за реконструкција на ПУ „Гоце Делчев“ во Пирава. Се работи за најстариот училишен објект во општината, во кој се одвива настава за 130 основци од ова населено место.

Реконструкцијата ќе опфаќа:

🔷 замена на кровната конструкција;
🔶 замена на училишниот плафон;
🔷 реконструкција на санитарните јазли;
🔶 нова електрична инсталација;
🔷 нова водоводна инсталација;
🔶 молеро-фарбарски работи на целиот објект;
🔷 термо изолација;
🔶 замена на сите внатрешни врати;

Претходниот период во ПУ „Гоце Делчев“ беше:

🔵 поставен нов епоксиден под во цело училиште;
🔵 изградена нова ограда околу училишниот двор;

Инвестираме во современ и безбеден училишен објект и овозможуваме еднакви услови за најмалите во секое населеното место. Градиме заедница која знае да препознава приоритети, решава проблеми темелно и се движи напред.

Продолжуваме заедно, до следен предизвик 🤝



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР