КАПИТАЛНИ ЗАФАТИ ВО ООУ „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“ - ВАЛАНДОВО


ООУ "Јосип Броз Тито" - Валандово непрестано ги подобрува условите во училиштните објекти. Во текот на претходната година беа реализирани следниве проекти:

🔹️ реконструкција на кровната конструкција на централното училиште;
🔹️ реновирање на училиштната трпезарија;
🔹️ набавка на лаптоп компјутери за целиот наставен кадар;
🔹️ изградена сала за состаноци со комплетно нов инвентар, врати и прозорци во подрумскиот дел;
🔹️ изградба на нови санитарни јазли;
🔹️ замена на сите врати на училниците и останатите простории на вториот спрат;
🔹️ реновирана наставничката канцеларија;
🔹️ поставе нов епоксиден под во училиштето во Пирава;
🔹️ изградба на ограда на училиштниот двор во Пирава;
🔹️ реконструкција на кров и стреи во училиштниот објект во Чалакли;
🔹️ хортикултурно уредување и изградба на летниковец во училиштниот двор во Чалакли;

Наредниот период следува:

🔸️ целосна реконструкција на училиштниот објект во Пирава;
🔸️ изградба на нови санитарни јазли во училиштето во Брајковци;
🔸️ изградба на ограда и хортикултурно уредување на училиштниот двор во Казандол;
🔸️ замена на подната конструкција на првиот спрат од училиштето во Валандово;
🔸️ нови санитатни јазли на вториот спрат од централното училиште во Валандово.

Вложуваме во современ и безбеден образовен процес на учениците и ги подобруваме условите насекаде, рамномерно. Инвестициите во образованието и подобрувањето на состојбите во училиштните објекти, беа и остануваат наш приоритет.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР