♻️ ПИЛОТ ПРОЕКТ ЗА СЕЛЕКТИРАЊЕ НА ОТПАД ВО ВАЛАНДОВО


Креирана е општествено одговорна апликација - „Селектирај отпад“ и во фаза на реализација е проект за собирање на селектиран отпад од домаќинствата.

„Селектирај отпад“ е прва апликација во нашиот регион која има за цел да го промени начинот на собирање на отпад, а воедно и нуди можност за личен паричен бенефит за граѓаните од своето учество.

Креатор на проектот е нашиот сограѓинин Марио Томов, кој за „Селектирај отпад“ има добиено поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој.

Сите оние кои сакаат да направат позитивен импакт врз животната средина и да придонесат во унапредување на третирањето на отпадот во сопствената заедница, ги повикуваме да се вклучат во селектирање на хартија, пластика и лименки.

Секој граѓанин може да се вклучи во оваа иницијатива, во неколку чекори:

🔹 Подигнува специјални ќеси за отпад од ЈП „Комунален сервис“ - Валандово (сина за хартија, а жолта за пластика и лименки),
🔸 Правилно ги полните ќесите со селектиран отпад,
🔹 Го скенирате QR кодот кога ќесата ќе биде полна и
🔸 Закажете термин преку апликацијата за да ги предадете ќесите на собирачот кој доаѓа директно пред вашиот дом.

📲 Апликацијата можете да ја симнете од PlayStore и AppStore, а сите информации и новости можете да ги дознавате преку facebook страната Selektiraj Otpad.

Целта на овој проект е да креира нови навики, да ги мотивира граѓаните на селектирање отпад и да го унапреди квалитетот на животната средина во заедницата.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР