Јавен повик за мапирање на самохрани родители во општина Валандово
Датум: 05.07.2021
Општина Валандово во соработка со Здружение за родова еднаквост „ЕДНА МОЖЕ!“ - Скопје, ќе спроведе мапирање на самохрани родители и тоа:
-самохран родител кој сам ги врши родителските права и должности за детето, поради тоа што другиот родител е непознат, починат или исчезнат
-самохран родител на дете чиешто татковство не е признаено
-самохран родител, чиј што статус го добил преку развод на брак
Според тоа, ги повикуваме граѓаните кои спаѓаат во категоријата - самохран родител и живеат на територија на општина Валандово да го потполнат анкетниот прашалник на линкот подолу или да се јават во просториите на Општина Валандово ( општински центар за услуги , со пополнување на испечатен анкетен формулар ).
ЛИНК од анкетниот прашалник.
ПОВИК (pdf)
Повеќе информации можете да добиете на ler@valandovo.gov.mk или во просториите на Општина Валандово ( одделение за ЛЕР, општински центар за услуги ).