Јавен повик за Локално собрание на млади
Иницијативниот одбор за конституирање на Локалното собрание на млади на Општина Валандово објавува Јавен повик за ЛСМ и ги ПОВИКУВА сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување, кои не мора да бидат регистрирани во Општина Валандово, а кои ќе ги исполнат следните критериуми:
- Да имаат активности на територијата на Општина Валандово,
- Да се основани и активни најмалку 6 (шест) месеци пред отворањето на овој повик и
- Делегатот/ката и заменик-делегатот/ката кои ќе ги предложат да се жители на Општина Валандово и да се на возраст од 15 до 29 години.
За повеќе информации превземете го Јавниот повик во делто за документи подолу.
ДОКУМЕНТИ:
- Јавен повик за Локално собрание на млади (pdf)