НОВ КАПИТАЛЕН ОБЈЕКТ ВО ЈОСИФОВО


👨‍👩‍👧‍👦 Започнува изградбата на новата детска градинка во Јосифово. Станува збор за модерен, енергетски ефикасен објект кој ги исполнува сите највисоки стандарди и обезбедува современи услови за згрижување и престој на деца од претшколска возраст.

Новата детска градинка ќе биде со површина од 410 квадратни метри и капацитет за престој на повеќе од 60 деца. Се работи за целосно независен објект за детска грижа со уредени парк и паркинг простор во надворешниот дел. Со оваа капитална инвестиција, Јосифово добива двојно поголем капацитет за згрижување на деца од сегашниот, адекватни услови за изведување на воспитно образовната настава и можност за вклучување на сите деца од населеното место кое се на претшколска возраст.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР