ПРОДОЛЖУВА ИНВЕСТИРАЊЕТО ВО СОВРЕМЕНА ИНФРАСТРУКТУРА И ИЗГРАДБА НА УЛИЦИ ВО #ЧАЛАКЛИ
Започна да се асфалтира и втората улица во Чалакли која ќе го поврзува централниот дел од ова населено место со Татарли. Улицата е со должина од 650 метри и значително ги подобрува условите за живот на околу 50 домаќинства од овие населени места.
Претходните денови во Чалакли беше асфалтирана централната улица со нови тротоарски површини која ги поврузва сите значајни објети во населеното место, започнувајки од поштата, џамијата, фестивалската сцена и основното училиште. Новата инфраструктура ја подобрува безбедноста, зголемува поврзаноста и го подига квалитетот на живот таму.
?