Градежни активности и нова инфраструктура во Чалакли


Во Чалакли непречено се одвиваат градежните активности за изградба на нова улица. Истата, започнува од централниот влез и ги поврзува сите објекти од јавно значење во населеното место.

Улицата е во должина од 670 метри и широчина од 4.5 метри. Долж улицата, во правец на основното училиште ќе биде изградена и тротоарска површина, со цел поголема безбедност за пешаците како сообраќајни учесници. Веднаш по реализацијата на овој проект, започнуваме со изградба на дополнителни улици во ова населено место согласно приоритетите на граѓаните.

Капиталните инвестиции во инфраструктурата и рамномерната распределба на јавните средства се од голема важност. Влогот во подобри услови за живот насекаде, е приоритет за Општина Валандово и истиот ќе остане на примат овде.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР