ИНТЕНЗИВНО СЕ РАБОТИ НА НОВА ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА ВО ОПШТИНАТА
По завршувањето со изградбата на улица "Јане Сандански" во Јосифово, продолжуваме со изградбата на следните улици во ова населено место:
🔹️ улица "6-ти Ноември";
🔹️ улица "Маршал Тито";
🔹️ изградба на пат до селските гробишта;
🔹️ реконструкција на дел од улицата "Јосиф Јосифовски".
Исто така, градежни активности во патната инфраструктура кои следуваат наредниот период се следните:
🔸️ изградба на улици во Брајковци;
🔸️ асфалтирање на улици во Дедели;
🔸️ улица "Моша Пијаде" во Јосифово;
🔸️ улица "Цветан Димов" во Пирава;
🔸️ пешачка патека во Марвинци.
Подобрувањето на патната инфраструктура во општината е основен приоритет. Инвестираме во проекти од капитален карактер, реализираме барања од граѓаните и вложуваме во подобри услови за живот, насекаде. Заедно создаваме развојна заедница, без ниту еден отфрлен.