ЗАПОЧНУВА ЛОКАЛИЗИРАЊЕ, ОГРАДУВАЊЕ И ВОВЕДУВАЊЕ НА ЧУВАРСКА СЛУЖБА НА ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА ВО ВАЛАНДОВО


♻️ Општина Валандово и ЈП "Комунален сервис" - Валандово започнуваат со трајно решавање на еко проблемот со кој се соочува општината децении наназад.

Следува:

🟢 локализирање;
🟢 оградувања и
🟢 воспоставување на чуварска служба на општинската депонија во Валандово.

Преку воспоставување на чуварска служба и константно регулирање на процесот на депонирање на отпад и навремено затварање на комуналниот отпад со земја, го решаваме проблемот со постојаното палење на отпадот и негативната рефлексија на депонијата кон животната средина.

Во претходниот период, Општина Валандово во системот на организирано собирање на отпад ги вклучи населените места Брајковци, Балинци, Марвинци, Грчиште, Чалакли, Дедели, Башибос, Бајрамбос и Удово. Беа обезбедени 1️⃣5️⃣0️⃣ контејнери и 4️⃣0️⃣0️⃣ корпи за отпадоци.

Истовремено, на неколку локации во општината беа:

🟢 ️затворени мали диви депонии;
🟢 создадени паркови;
🟢 посадено ново зеленило и дрворед;
🟢 започнат е процес за набавка на нова механизација за подобрување на комуналната хигиена во општината.

Продолжуваме заеднички да создаваме чиста и здрава животна средина. Одговорноста е заедничка. Целта е иста.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР