НОВИ ЗЕЛЕНИ ПОВРШИНИ ВО ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Општина Валандово во соработка со ЈП "Национални шуми" - подружница Саланџак - Валандово, ЈП "Комунален сервис" и општествено одговорни компании од општината и регионот започнува активности за формирање на нови зелени и урбани површини низ општината.
🌳 Предвидени се акции за засадување на нови садници во градот и останатите урбани делови од општината и создавање нови зелени зони за граѓаните. Планирано е посадување на различни видови зимзелени и декоративни дрвја како и целосно хортикултурно уредување на неколку локации.
Целта на активностите е заеднички да допринесеме кон поздрава и почиста животна средина и да бидеме пример за идните генерации.