СОУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ СО НИЗА АКТИВНОСТИ


🟨 Учениците од земјоделските паралелки при СОУ "Гоце Делчев" Валандово активно реализираат практична настава и стекнуваат нови знаења и вештини. Периодов, се реализираат следните активности:

🔹️ подготовки за садење и одгледување на цвеќе;
🔹️ градинарски активности - сеидба на компир;
🔹️ пакување на вино од сопствено производство, во стаклена амбалажа.

🟨 Училиштето развива сопствена економија и во заедништво на стручниот колектив и учениците од стручните паралелки произведува неколку земјоделски производи по најсовремен процес на преработка. Со ваков начин на училишна организираност, учениците стекнуваат сериозна предност на пазарот на труд и голема стручна кфалификуваност.

🟩 Во текот на една учебна година, во рамки на училишната економија се работи на:

🔸️ одгедување на калинки и производство на органски сок од калинки по најсовремен метод на преработка;
🔸️ одгледување на лозови насади и производство на вино и ракија во училишната визба;
🔸️ одгледување на житни култури;
🔸️ одгледување на градинарски култури;
🔸️ одгледување на јапонска јаболка.

🟨 СОУ "Гоце Делчев" создава вредност во нашата заедница и гради индивидуи кои ја движат заедницата напред. Честитам на стручниот колектив за вложеноста и ги охрабрувам да продолжат по тој пат.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР