ЈП КОМУНАЛЕН СЕРВИС ДОБИВА НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА
Потпишан е Договор за под-заем помеѓу Општина Валандово и Министерството за финансии за набавка на механизација за подобрување на комуналните услуги во општината. Проектот предвидува набавка на:
🟢 Метларка;
🟢 Трактор;
🟢 Тракторска приколка;
🟢 Цистерна за чистење на септички јами;
🟢 Даска за чистење на снег.
Со набавка на механизацијата:
🔸️ се овозможуваат нови комунални услуги;
🔸️ се зголемува јавната чистота;
🔸️ дополнително се заштитува животната средина;
🔸️ значајно се намалуваат трошоците на ЈП "Комунален сервис" - Валандово.
Финансирањето на проектот е преку заем од програмата за подобрување на општинските услуги (МСИП 2). Истиот е во согласност со стратешките приоритети на Општина Валандово и овозможува подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.