Денес (17.05.2019 година), во 12:00, на градскиот плоштад во Валандово, матурантите од СОУ "Гоце Делчев" Валандово ќе го изведат танцот "Квадрил” од Штраусовата опера “Лилјакот”, како дел од матурска парада која истовремено се организира во повеќе градови од државата и Европа.
Матурската парада за прв пат е организирана во 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж, од Љубљана. Матурантите, преку овој настан симболички го одбележуваат крајот на средното образование и испраќаат порака на заедништво и обединетост во светот.
?