Општина Валандово, е една од пилот општините кои преку проект, финансиран од Европската унија, ќе обезбедат енергетско ефикасно улично осветлување.
Проектот ќе се реализира преку јавно-приватно партнерство со ЕСКО компании (фирми кои со својата дејност одговараат на проектот и сакаат да се вклучат), како и со поддршка од Европската банка за обнова и развој, која ќе ги подготвува потребните документи и договори.
Финансирањето, изведбата и гаранциите за имплементацијата на проектот ќе ги сноси ЕСКО компанијата, со која Општина Валандово ќе склучи договор, додека ануитетот кон ЕСКО компанијата, општината ќе го плаќа исклучиво од заштедата на енергијата со месечни ануитети до реализацијата на договорот. По истекот на договорот, целата заштеда на енергија и опремата остануваат на општината