Извршен увид на инвестициските активности во ТС Валандово
Денес, градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска и директорката на АД МЕПСО, Ева Шуклева ја посетија регионалната трафостаница ТС Валандово, која беше ревитализирана изминатиот период.
ТС Валандово е изградена во 1973 година и е еден од најзначајните енергетски капацитети во овој дел од државата. Со ревитализацијата на трафостаницата, се доби нова електроенергетска опрема и нова електроенергетска инфраструктура, преку која општина Валандово и останатите општини од регионот добиваат енергетска стабилност, доверливо снабдување со електрична енергија и решавање на долгогодишните проблеми со снабдувањето со електрична енергија.
?