Денес (22.01.2019 година) во просториите на Домот на култура "25 Мај" Валандово, се одржа информативна трибина за спроведување и користење на Инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој - ИПАРД 2014 - 2019.
Целта на трибината, беше подобро информирање на граѓаните за можностите за развивање на руралните средини, мерките кои им стојат на располагање, како и постапката пред АФПЗРР за користење на средствата од ИПАРД 2014 - 2019 Програмата.

?