ПОВИК ЗА ЈАВНА ПОПЛАКА ДО ЕСМ


АД Електрани на Северна Македонија планира изградба на Парк на ветерни електрани Богданци - Фаза II со очекуван капацитет од 13,2 MW во општина Богданци, Република Северна Македонија. Овој проект е дел од Планот за развој и инвестиции на ЕСМ и ќе биде продолжение на постојниот Парк на ветерни електрани, која има инсталирана моќност од 36,8 МW и е прв ваков објект во РСМ што го користи ветерот како погонска сила за производство на електрична енергија. Овој проект ќе ги поддржи националните напори за зголемување на учеството на обновливите извори на енергија во вкупното производство на електрична енергија, намалување на негативното влијание на производство на енергија врз животната средина и здравјето на луѓето, како и да се обезбеди одржлив развој на заедниците.

АД "Електрани на Северна Македонија" (ЕСМ) е решена да се осигура дека проектот Парк на ветерни електрани Богданци - Фаза II нема да доведе до негативни последици за оние кои живеат во близина на проектното место или за другите потенцијално засегнати страни. Сепак, доколку има некакви проблеми, ние би сакале да слушнеме за било какви проблеми или поплаки кои може да ги имате во врска со активностите на проектот.

За повеќе детали и на кој начин да ја поднесете јавната поплака прочитајте ја брошурата и пополнете го формуларот кои ги има во прилог подолу.


БРОШУРА (pdf)

ФОРМУЛАР (word)


КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР