ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2020

за вработување на неопределено работно време во Општина Валандово

 

Општината Валандово има потреба од вработување на неопределено работно време на 5 (пет) овластени службеници во областа на безбедноста во ТППЕ Валандово, и 1 (еден) извршител во Администрацијата на Општина Валандово и тоа за следните работни места:

 1. Ниво В4 – Пожарникар спасител, шифра ПОЖ0210В04000,

2. УПР 04 05 А02 005  Работник на приемен пункт (пријавница)

 

Општи услови за двете работни места:

- да е државјанин на Република Северна Македонија;

- да е полнолетен;

- да има општа здравствена способност за работното место;

-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност и

- активно да го користи македонскиот јазик.

 

-општи работни компетенции на основно ниво за работното место под реден бр.1:

учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа и ориентираност кон засегнати страни (проверка на општите и посебните работни компетенции ќе биде извршена во фазата на интервју);

Посебни услови:

За работно место под реден бр.1

- стручни квалификации : ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование ;

-  Здравствена состојба: здравствено и психофизичка способност, утврдено од овластена здравствена установа согласно со закон;

- работно искуство: со или без работно искуство во струката евидентирано во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија како работен стаж;

За работно место под реден бр.2

-          Средно гимназиско образование

-           работно искуство: со или без работно искуство во струката евидентирано во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија како работен стаж;

 

 

други посебни услови за работно место под ред.бр.1:

- положен возачки испит –Ц категорија ;

- сертификат за стекната квалификација пожарникар, (Вработениот во територијалната противпожарна единица има обврска во рок од една година од денот на вработувањето, да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар, издаден од институција овластена од Министерството за образование и наука, во спротивно му престанува вработувањето).

г) распоред на работно време :

За работно место под реден бр.1

 дневно работно време- работа во две смени од 07 часот до 19 часот и од 19 часот до 07 часот, 40 часовно -неделно работно време;

За работно место под реден бр.2

-   Работни часови: неделно 40

-   Работно време: од 07:00 до 15:00 часот

-   Опис за работното време: почеток на работното време помеѓу 7:00 и 08:00  часот 

                                 и завршеток на истото помеѓу 15:00 и 16:00 часот

 

 д) паричен нето износ на плата :

За работно место под реден бр.118.550,00 денари;

За работно место под реден бр.214.500,00 денари;

ѓ) напомена: Предвидено вработување согласно Годишниот план за вработување е:

 - за работното место под реден број  1:  4 (четворица) од македонска националност и 1 (еден) од турска националност;

- за работното место под реден број  2:  1 (еден) од македонска националност;

2. Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во рок од 5 работни дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневен печат не сметајќи го денот на објавувањето.

Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во хартиена форма на адреса -Општина Валандово, ул. „Иво Лола Рибар“ бб Валандово, со назнака „За оглас за вработување  бр.1/2020 .

Пријавата за вработување може да се подигне од шалтерот на Општина Валандово или да се превземе од веб страната на Општина Валандово: www.valandovo.gov.mk

пријавата за вработување треба да содржи:

 -податоци за кандидатот (име и презиме, матичен број, датум и место на раѓање, адреса и место на живеење, електронска адреса на кандидатот, контакт телефон, припадност на заедница);

- кратко мотивациско писмо;

- кратка биографија;

- изјава за исполнување на општите услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно;

- изјава за исполнување на посебните услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно;

- изјава за исполнување на други посебните услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно;

3. Доставување на документацијата

Кандидатите кон Пријавата треба да ја достават следнава потребна документација:

- Биографија –CV.

- Уверение за Државјанство на РМ (оригинал или заверено на нотар).

- Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар).

- Извод од историјатот на вработување од Центарот за вработување, како доказ за работното искуство (оригинал или заверен на нотар).

- Уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност (оригинал).

- Лекарско уверение како доказ да има општа здравствена способност за работното место за кое се пријавува (оригинал).

- возачка дозвола за положен возачки испит –Ц категорија (заверена фотокопија на нотар) (важи за работното место под ред.бр.1);

- сертификат за стекната квалификација пожарникар, (Вработениот во територијалната противпожарна единица има обврска во рок од една година од денот на вработувањето, да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар, издаден од институција овластена од Министерството за образование и наука, во спротивно му престанува вработувањето) ) (важи за работното место под ред.бр.1).

4. постапката за селекција

Постапката за селекција ќе биде спроведена во следните фази: проверка на комплетност на пријавата и доказите , проверка на веродостојност на доказите и интервју;

Градоначалникот со решение формира Комисија за селекција, која во рок од осум дена од истекот на рокот за пријавување на огласот врши проверка дали кандидатите ги доставиле задолжителните докази за исполнување на условите од огласот.

Доколку при проверката се утврди дека недостасува некој од доказите, комисијата е должна да побара од кандидатот во рок од три дена да ги комплетира доказите .

По комплетирањето на доказите, комисијата за селекција врши проверка на веродостојноста на доказите .

По проверката на веродостојност на доказите, се закажува и врши интервју.

Селекцијата на кандидатите се врши врз основа на јасни и транспарентни критериуми, пропишани од градоначалникот на единицата на локалната самоуправа.

По спроведената постапка на селекција, за работното место од јавниот оглас се прави ранг-листа на кандидати кои успешно ги поминале сите фази на селекција.

Комисијата за селекција ранг листата на кандидати му ја доставува на градоначалникот, кој врши избор во рок од 15 дена.

Вработениот во територијалната противпожарна единица има обврска во рок од една година од денот на вработувањето, да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар, издаден од институција овластена од Министерството за образование и наука, во спротивно му престанува вработувањето (важи за работното место под ред. бр.1)..

5. Одлуката за избор ќе биде донесена во рок согласно член 23 од Законот за работни односи.

 

превземи пријава:

ЈАВЕН ОГЛАС БР.1 со ПРИЈАВИ

                                                                                                                            Градоначалник

                                                                                                                      на Општина Валандово

                                                                                                                             Перо Костадинов

?

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР

Rolex Replica www.rolexgrade.me rolex replica watches
Baume & Mercier Replica Blancpain Replica Replica Breguet Watches breitling replica Breitling Avenger Replica Replica Watches Richard Mille Replica Watches Rolex Replica Watches Rolex Air King Replica Watches Rolex Cellini Replica Watches Rolex Submariner Replica Watches www.bestclonewatch.com Burgundy Vinyl Wraps Orange Car Wraps 3M Vehicle Wraps Avery Dennison Vinyl Wrap Nas Car Wraps Car Wraps