Согласно член 23 од Законот за младинско учество и младински политики, градоначалникот на Општина Валандово донесе Решение за назначување на службеник за млади.
ВЛАДИМИР ЛАЗОВ
e-mail: administracija@valandovo.gov.mk
vlatko.lazov@live.com
(034) 382-007
(071) 239-849
Општина Валандово
Иво Лола Рибар бр.3
Службеникот за млади ги извршува следните работни задачи и обврски:
1. Развивање, планирање и следење на активностите поврзани со младите и младинските политики,
2. Поддршка на работата на органот на државната управа, локалната самоуправа, локалниот младински совет, неговите членови, спроведувањето на неговата програма, известување и транспарентност,
3. Одржување на комуникација и редовна соработка со младинските форми на здружување и младите,
4. Следење на потребите на младите преку обезбедување истражувања за потребите на органот на државната управа, општината, консултации со млади и следење и информирање за анализи и истражувања за трендовите кај младите,
5. Обезбедување информации и информирање на младите,
6. Водење на база на податоци за разни младински активности, активни форми на младинско здружување и неформални младински групи за потребите на Истражувачкиот центар на Агенцијата за млади и спорт,
7. Редовна комуникација со Агенција за млади и спорт,
8. Да биде контакт за сите младински прашања на органот на државната управа, локалната самоуправа кон младите и јавноста,
9. Службеникот за млади е одговорен за работата на Канцеларијата за млади;
ДОКУМЕНТИ:
- Извештај за работата на Општина Валандово во делокругот на млади за 2022 година (Преземи PDF)
- Извештај за работата на Општина Валандово во делокругот на млади за 2021 година (Преземи PDF)
ЗАКОН за младинско учество и младински политики
ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ