Одделението за финансиски прашања и јавни набавки ги врши следните работи:
– следење, примена и проучување на законите и подзаконските акти и прописи од областа на буџетското и материјално-финансиското работење;
– изготвува Буџет и ја следи неговата реализација;
– изготвува Годишна завршна сметка за извршувањето на Буџетот на општината;
– изготвување на финансиски план за извршување на Буџетот (месечен, квартален и годишен) за општината и единките корисници на општината;
– изработува квартални финансиски извештаи за извршување на Буџетот за тековната година;
– изработува годишна програма на одделението;
– проучува и реализира прописи од областа на финансиското-материјалното, сметководственото и книговодствено работење како и други општи и поединечни акти за реализација на оваа надлежност;
– врши управување, следење и контрола на состојбата на движењето на средствата и изворите на средствата на општината утврдени со Буџетот;
– подготовка на стратешки план на општината;
– измена и дополнување на буџетот и стратешкиот план на општината;
– контрола на подготовката и извршувањето на Буџетот;
– спроведува ех-post финансиска контрола;
– подготовка, примање, ликвидирање и контрола на сметководствената документација;
– благајничко работење;
– врши планирање на приходи, нивно утврдување и наплата;
– изготвува прегледи, исплаќање плата и надоместоци и нивна евиденција;
– ги проучува законите и подзаконските акти и други прописи од областа на даноците и таксите и се грижи за нивна доследна примена;
– изготвува општи и поединечни акти од негова надлежност;
– врши планирање на приходите, нивно утврдување и наплата;
– води евиденција на даночни обврзници;
– врши идентификација на недвижен и подвижен имот;
– води регистар на недвижен и подвижен имот со имиња и адреси на даночните обврзници, вкупна површина и вредност;
– врши усогласување на состојбата на регистарот на недвижности со состојбата на недвижности во геодетска управа;
– спроведува постапка за присилна наплата на локални даноци и такси;
– предлага мерки за нивно унапредување;
– регистрација на имот;
– примена на законите, подзаконските акти и други прописи од областа на јавните набавки;
– следењето и согледувањето на потребите од набавки во општината;
– изготвува годишен план за јавни набавки и негова реализација;
– дава стручна и техничка помош на Комисијата за јавни набавки;
– води евиденција и документација во врска со јавните набавки;
– изготвува одлуки и други општи и поединечни акти од надлежност на Советот и Градоначалникот од областа на трговијата, занаетчиството, туризмот и угостителството;
– врши и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност со акт на Советот или Градоначалникот.