Одделението за правни и општи работи и јавни дејности ги врши следните работи:
– следење и примена на законите и подзаконските акти како и други прописи и општи акти во надлежност на локалната самоуправа;
– подготвува одлуки и други општи и конкретни акти во надлежност на Советот и Градоначалникот;
– ги подготвува седниците на Советот и седниците на неговите комисии;
– дава мислење на актите од аспект на нивната законитост;
– врши стручни работи за Советот и Градоначалникот;
– доставува информации и податоци во врска со активностите на општината на барање на надлежните органи или врз основа на закон;
– врши соработка со Советите и претседателите на Месните Заедници;
– изготвува Службен гласник на општината;
– ракува со документите на општината и ги чува се до нивното уништување, односно предавање на Државниот архив на Република Македонија;
– изготвува и реализира прописи од областа на образованието;
– изготвува и реализира прописи од областа на културата, поддршка на културните установи и проекти, негување на фолклорот, организирање на културни манифестации;
– изготвува и реализира прописи од областа на спортот и рекреацијата, развој на масовниот спорт и рекреативни активности, организирање спортски приредби и манифестации, поддршка на спортски сојузи;
– изготвува и реализира прописи од областа на здравствената заштита, застапеноста на локалната самоуправа во одборите на здравствените организации во јавна сопственост, здравственото воспитување и унапредување на здравството, превентивни активности, здравствен надзор над животната средина, надзор над заразните болести, помош на пациенти со социјални потреби, врши анализа на состојбата и дава иницијативи и предлози за нивно решавање;
– изготвува и реализира прописи од областа на социјалната заштита и заштитата на децата, сопственост, финансирање, инвестиции и одржување на детски градинки и домови за стари лица, социјална грижа за инвалидните лица, деца без родители и родителска грижа, деца со воспитно социјални проблеми, деца со посебни потреби, деца од еднородителски семејства, деца на улица, остварување на право и воспитување на децата од предучилишна возраст согласно Националната програма за развој на социјалната заштита, врши анализа на состојбата и дава иницијативи и предлози за нивно решавање;
– го обезбедува остварувањето на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер;
– врши и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност со акт на Советот или Градоначалникот.