Одделението за инспекциски работи-инспекторат ги врши следните работи:
– инспекциски надзор над примената на одредбите на законите и прописите кои се однесуваат на урбанизмот и просторното планирање, заштита на животната средина, комуналната хигиена, патниот сообраќај, над управувањето и наплатата на даноците на имот, туризмот и угостителството, образованието и спортот;
– надзор над јавните претпријатија основани од општината, над физички и правни лица на кој општината им дала дозвола за вршење на комунална дејност, издавање на решенија;
– поднесување на пријави до надлежните државни органи;
– следење на проблематиката од областите во надлежност на општината;
– врши на анализа на состојбата, доставува извештаи и дава иницијативи и предлози за нивно решавање;
– други работи утврдени со закон и други прописи, статутот и актите на Советот и Градоначалникот на општината.