Одделението за внатрешна ревизија ги врши следните работи:
– проучување и примена на Законот за јавна внатрешна контрола, подзаконските акти донесени врз основа на овој закон;
– процена на усогласеност на работењето на субјектот во согласност со законите, подзаконските, интерните акти и договори;
– темелна процена на функционирањето на системот за внатрешна контрола;
– оценување на значајните фактори на ризик и давање совети на раководителот на субјектот за намалување на факторите за ризик;
– проверка на точноста, комплетноста и законитоста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи на субјектот;
– процена на економичноста, ефикасноста и ефективноста на работењето и користењето на средствата во дефинирана област на активности или програми на субјектот;
– темелна проценка на работењето на информативно технолошките системи;
– процена на соодветноста, економичноста и ефикасноста на системот за финансиско управување и контрола за утврдување, процена и управување со ризици;
– давање препораки за подобрување на работењето и работните процедури на субјектот, изготвување и донесување на стратешки и годишен план за внатрешна ревизија врз основа на објективна проценка на ризик, извршување на поединечни внатрешни ревизии согласно со усвоените ревизорски планови и следење на нивното спроведување;
– изготвување на извештаи од извршените ревизии;
– следење на спроведување на мерките преземени од раководителот на субјектот од јавниот сектор врз основа на препораките дадени во ревизорските извештаи;
– изготвување на упатство за работа и повелба за внатрешна ревизија,
– информирање на раководителот на субјектот за постоење на конфликт на интереси при извршување на ревизорската задача;
– известување до раководителот на субјектот и лицето задолжено за неправилности, за неправилности или сомнежи за измами или корупција, кои можат да резултираат со кривична, прекршочна или дисциплинска постапка;
– изготвување на годишен извештај за извршените ревизии и активностите на внатрешната ревизија;
– изготвување на план за обука на внатрешните ревизори и следење на нивна имплементација;
– подготвува квартални и годишни извештаи за работењето на внатрешната ревизија;
– други работи од областа на внатрешната ревизија.