ВАЛАНДОВО - ГРАД НА КАЛИНКИТЕ
Насекаде околу Валандово, па и внатре во градот, може да се забележат голем број бавчи калинки, дрвореди од калинка и поединечни стебла на калинка. Оттука, позната е фразата "нема куќа во Валандово која нема калинка во својот двор".
Калинките цветаат во мај-јуни и затоа, од многубројните дрвја калинка Валандово уште во XIV век бил наречен со ојконимот "Алавандово", кој имал значење "Цветен град" или "град на цвеќето".
Поради овие факти Валандово е широко познат како град на калинките.