Врз основа на Одлуката за доделување на еднократна парична помош на семејства за запишување на дете во прво одделение во Општинските основни училишта бр.08/111/7 од 29.11.2021 година (Сл.Гласник бр.15/21) и Одлука за измена на Одлуката за доделување на еднократна парична помош на семејства за запишување на дете во прво одделение во Општинските основни училишта бр.08-114/17 од 30.07.2025 година (Сл.Гласник бр.08/25) Општина Валандово објавува
Ј А В Е Н П О В И К
за доделување на еднократна парична помош на семејства за запишување на дете во прво одделение во Општинските основни училишта во учебната 2026/2027 година
- Предмет на јавниот повик
Јавниот повик се однесува на сите првачиња запишани во учебната 2026/2027 година во општинските основни училишта на територијата на општина Валандово. Мерката предвидува еднократен додаток од 4.000,00 денари за секое прваче во општината и истата има за цел да ги олесни почетните трошоци за новиот ученик во семејството.
- Право на учество
Право на поднесување барање има еден од родителите или старателите на детето заедно со потребната документација..
- Потребни документи
1. Фотокопија од извод од матичната книга на родените (за првачето);
2. Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на родителот-подносител на барањето;
3. Фотокопија од активна трансакциска сметка на родителот-подносител на барањето;
4.Потврда од Општинско основно училиште за запишан ученик во прво одделение во тековната учебна година (оргинал) по службена должност ќе биде обезбедена од страна на Општина Валандово;
- Начин и рок на пријавување
Пријавите со потребната документација се доставуваат:
- Во архивата на општина Валандово
Рокот за поднесување на пријавите започнува na 01.09.2026 година до 30.09.2026 година. Пријавите доставени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани од страна на Комисијата за постапување по поднесени барања за доделување на еднократна парична помош на семејства за запишување на дете во прво одделение во Општинските основни училишта формирана од страна на Градоначалникот.
- Завршна одредба
Овој јавен повик стапува во сила со денот на неговото објавување.
ДОКУМЕНТИ:
– Јавен повик (Преземи)