Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14,199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Македонија“ бр.143/19,14/2020, 95/2020, 302/2020, 208/2024, 210/2024), член 11 од Законот за пожарникарството („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/2004, 81/2007, 55/13, 158/14, 193/15, 39/16 и 152/19) и член 22 од Закон за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/2005; 106/2008; 161/2008; 114/2009; 130/2009; 149/2009; 50/10; 52/10; 124/10; 47/11; 11/12; 39/12; 13/13; 25/13; 170/13; 187/13; 113/14; 20/15; 33/15; 72/15; 129/15 , 27/16, 120/18 и („Службен весник на РСМ“ бр.110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 93/2024; 93/2024; 39/2025; 74/2025; 124/2025), Градоначалникот на Општина Валандово објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2026
за вработување на неопределено работно време во Општина Валандово
Општината Валандово има потреба од вработување на неопределено работно време на 1 (еден) овластен службеник во областа на безбедноста во ТППЕ Валандово и тоа за следното работно место:
- Ниво В4 – Пожарникар спасител – ПОЖ 02 10 В04 000 – 1 (еден) извршител
- Кандидатот за работното место под реден број 1 потребно е да ги исполнува следните услови:
Општи услови за работното места:
– да е државјанин на Република Северна Македонија;
– да е полнолетен;
– да има општа здравствена способност за работното место;
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност и
– активно да го користи македонскиот јазик.
Посебни услови:
– стручни квалификации: ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование ;
– здравствена состојба: здравствено и психофизичка способност, утврдено од овластена здравствена установа согласно со закон;
– работно искуство: со или без работно искуство во струката евидентирано во Агенциjaта за вработувањена Република Македонија како работен стаж.
други посебни услови:
-положен возачки испит – Ц категорија ;
-сертификат за стекната квалификација пожарникар, (Вработениот во територијалната противпожарна единица има обврска во рок од една година од денот на вработувањето, да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар, издаден од институција овластена од Министерството за образование и наука, во спротивно му престанува вработувањето).
г) распоред на работно време : дневно работно време – работа во две смени и тоа 12 часа работа, 24 часа одмор, 12 часа работа и 48 часа одмор.
д) паричен нето износ на плата : 39.428,00 денари.
- Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во рок од 5 работни дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневен печат не сметајќи го денот на објавувањето.
Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во хартиена форма на адреса -Општина Валандово, ул. „Иво Лола Рибар“ бб Валандово, со назнака „За оглас бр.01/2026 за прием на овластени службеници во областа на безбедноста во ТППЕ Валандово“.
Пријавата за вработување може да се подигне од шалтерот на Општина Валандово или да се превземе од веб страната на Општина Валандово: www.valandovo.gov.mk
пријавата за вработување треба да содржи:
-податоци за кандидатот (име и презиме, матичен број, датум и место на раѓање, адреса и место на живеење, електронска адреса на кандидатот, контакт телефон, припадност на заедница);
– кратко мотивациско писмо;
– кратка биографија;
– изјава за исполнување на општите услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно;
– изјава за исполнување на посебните услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно;
– изјава за исполнување на други посебните услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно;
- Доставување на документацијата
Кандидатите кон Пријавата треба да ја достават следнава потребна документација:
– Биографија –CV.
– Уверение за Државјанство на РСМ (оригинал или заверено на нотар).
– Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар).
– Извод од историјатот на вработување од Центарот за вработување, како доказ за работното искуство (оригинал или заверен на нотар) за работното место под реден бр.1.1.
– Уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност (оригинал).
– Лекарско уверение како доказ да има општа здравствена способност за работното место за кое се пријавува – пожарникар спасител (оригинал).
– возачка дозвола за положен возачки испит – Ц категорија (заверена фотокопија на нотар);
– сертификат за стекната квалификација пожарникар, (Вработениот во територијалната противпожарна единица има обврска во рок од една година од денот на вработувањето, да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар, издаден од институција овластена од Министерството за образование и наука, во спротивно му престанува вработувањето).
- постапката за селекција
Постапката за селекција ќе биде спроведена во следните фази: проверка на комплетност на пријавата и доказите , проверка на веродостојност на доказите и интервју;
Градоначалникот со решение формира Комисија за селекција, која во рок од осум дена од истекот на рокот за пријавување на огласот врши проверка дали кандидатите ги доставиле задолжителните докази за исполнување на условите од огласот.
Доколку при проверката се утврди дека недостасува некој од доказите, комисијата е должна да побара од кандидатот во рок од три дена да ги комплетира доказите .
По комплетирањето на доказите, комисијата за селекција врши проверка на веродостојноста на доказите .
По проверката на веродостојност на доказите, се закажува и врши интервју.
Селекцијата на кандидатите се врши врз основа на јасни и транспарентни критериуми, пропишани од градоначалникот на единицата на локалната самоуправа.
По спроведената постапка на селекција, за работното место од јавниот оглас се прави ранг-листа на кандидати кои успешно ги поминале сите фази на селекција.
Комисијата за селекција ранг листата на кандидати му ја доставува на градоначалникот, кој врши избор во рок од 15 дена.
Вработениот во територијалната противпожарна единица има обврска во рок од една година од денот на вработувањето, да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар, издаден од институција овластена од Министерството за образование и наука, во спротивно му престанува вработувањето.
- Одлуката за избор ќе биде донесена во рок согласно член 23 од Законот за работни односи.
ДОКУМЕНТИ:
– Јавен оглас (Преземи PDF)
– Пријава (Преземи PDF)