Врз основа на член 50, став 1, точка 13 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/02), а согласно член 23 став 1 алинеја 6 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/2005; 106/2008; 161/2008; 114/2009; 130/2009; 149/2009; 50/10; 52/10; 124/10; 47/11; 11/12; 39/12; 13/13; 25/13; 170/13; 187/13; 113/14; 20/15; 33/15; 72/15; 129/15 , 27/16, 120/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 93/2024; 93/2024; 39/2025; 74/2025; 124/2025), Градоначалникот на Општина Валандово ја донесе следната
О Д Л У К А
за поништување на Јавен оглас 01/2026 за вработување на неопределено време
- СЕ ПОНИШТУВА јавниот оглас 01/2026 за вработување на неопределено време во Територијална противпожарна единица на Општина Валандово со бр.04-1130/3 од 25.09.2026 година под точка 1.Назив на работно место – Пожарникар спасител, ниво В, шифра ПОЖ 02 10 В04 000 – 1 (еден) Извршител.
- Одлуката стапува во сила со денот на донесувањето, истата ќе биде објавена во дневните весници „Вечер” и „Коха” како и на официјалната страна на Општина Валандово.
- Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесувањето.
О б р а з л о ж е н и е
Во Јавниот оглас за вработување на неопределено време во Територијална противпожарна единица на Општина Валандово со бр.04-1130/3 од 28.09.2026 година за Пожарникар спасител, ниво В4, шифра ПОЖ 02 10 В04 000 – 1 (еден) извршител, објавен во дневните весници „Вечер“ и „Коха“ на ден 28.09.2026 година, е определен рок на пријавување по оглас од 5 работни дена од денот на објавувањето во дневен печат.
Со увид во објавениот оглас и разгледување на целокупната документација, констатирано е дека при подготовката и објавувањето на огласот е направен превид во постапката за објавување на огласот односно недоволно обезбедени финансиски средства за реализација на планираното вработување, како последица на намалувањето на дотациите и ограничените финансиски средства наменети за финансирање на работата на Територијалната противпожарна единица.
Имајќи го во предвид горе наведеното, се одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.
Правна поука: Против оваа Одлука може да се поведе спор пред надлежен суд, во рок од 8 дена од денот на приемот а истата.
ДОКУМЕНТИ:
– Одлука за поништување (Преземи PDF)