ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002 и „Службен весник на РСМ“ бр.202/24), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на четиринаесеттата редовна седница
на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам четиринаесеттата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 29 ти септември 2026 година (вторник) во 13:00 часот, во салата за седници на Советот на Општина Валандово.
За работа на четиринаесеттата редовна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог – Одлука за измени и дополнувања на Буџетот на Општина Валандово за 2026 година;
- Предлог – Програма за измена и дополнување на програма за изградба и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Валандово за 2026 година;
- Предлог – Решение за основање на Општински совет за социјална заштита во Општина Валандово;
- Предлог – Информација за остварување на правото на користење на средства во вид на еднократна парична помош на граѓаните на Општина Валандово за период од 01.01.2024 до 31.08.2026 година.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Претседател
Марија Чурлинова