Врз основа на Одлуката за субвенционирање на семејства кои имаат ученик запишан прва година во СОУ „Гоце Делчев” Валандово во учебната 2026/2027 година, број 08-108/2 од 22.05.2026 година, Општина Валандово објавува
Ј А В Е Н П О В И К
за доделување еднократна субвенција за запишување на ученик во прва година во СОУ “Гоце Делчев”Валандово во учебната 2026/2027 година
- Предмет на јавниот повик
Јавниот повик се однесува на сите ученици запишани во прва година во СОУ “Гоце Делчев” Валандово во учебната 2026/2027 година. Мерката предвидува еднократен додаток од 12.000,00 денари за секој ученик запишани во прва година во СОУ “Гоце Делчев” Валандово во учебната 2026/2027 година и истата има за цел да ги олесни почетните трошоци за новиот средношколец во семејството.
- Право на учество
Право на поднесување барање има еден од родителите или старателите на детето заедно со потребната документација..
- Потребни документи
1. Потврдата од Општинското средно училиште СОУ “Гоце Делчев” Валандово за запишан ученик во прва година за прв пат во учебната 2026/2027 година ќе биде обезбедена по службена должност од страна на Општина Валандово
2. Фотокопија од важечки лични карти или патни исправи од родителите/старателите на ученикот.
3. Извод од матична книга на родените за ученикот;
4. Фотокопија од трансакциска сметка на еден од родителите/старателите.
- Начин и рок на пријавување
Пријавите со потребната документација се доставуваат:
- Во архивата на општина Валандово
Рокот за поднесување на пријавите започнува на 31.08.2026 година до 30.09.2026 година. Пријавите доставени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани од страна на Комисијата за постапување по поднесени барања за субвенционирање на семејства кои имаат ученик запишан во прва година во СОУ “Гоце Делчев” Валандово во учебната 2026/2027 година формирана од страна на Градоначалникот.
- Завршна одредба
Овој јавен повик стапува во сила со денот на неговото објавување.
ДОКУМЕНТИ:
– Јавен повик (Преземи)