ул. „Иво Лола Рибар“ бр. 3, 2460 Валандово • 034/382-044
Република Северна Македонија

Општина Валандово

СоопштенијаСедници на совет

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Закажана е 13 (тринаесеттата) редовна седница на Советот на Општина Валандово

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Закажана е 13 (тринаесеттата) редовна седница на Советот на Општина Валандово

ОПШТИНА ВАЛАНДОВО

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002 и „Службен весник на РСМ“ бр.202/24), член 19 став 2  од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на тринаесеттата редовна седница
на Советот на Општина Валандово

 

Ја свикувам тринаесеттата редовна седница на Советот на Општина Валандово.

Седницата ќе се одржи на ден 31 ви август 2026 година (понеделник) во 13:00 часот, во  салата за седници на Советот на Општина Валандово.

За работа на тринаесеттата редовна седница го предлагам следниот:

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Валандово за извештајниот период (кумулативно) за квартал 01.01.2026 година до 30.06.2026 година;
  2. Годишен план за вработување на Општина Валандово за 2027 година;
  3. Квартален финансиски извештај за работењето на ЈП „Комунален сервис” Валандово за период од 01.01.2026 година до 30.06.2026 година;
  4. Годишен план за вработување на ЈП „Комунален сервис” Валандово за 2027 година;
  5. Предлог – Решение за престанување на мандатот и за именување на претставник на Општина Валандово во Училишниот одбор на ООУ „Јосип Броз Тито“ Валандово;
  6. Предлог – Одлука за измена на Одлука за формирање на Орган за надзор за вршење на внатрешна контрола на работењето на ЈОУДГ „Калинка“ Валандово;
  7. Годишен извештај за работата на СОУ „Гоце Делчев” Валандово за учебната 2025/2026 година;
  8. Годишна програма за работа на СОУ „Гоце Делчев” Валандово за учебната 2026/2027 година;
  9. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во СОУ „Гоце Делчев“ Валандово за учебната 2026/2027 година;
  10. Годишен извештај за работата на ЈОУДГ „Калинка” Валандово за воспитната 2025/2026 година;
  11. Годишна програма за работа на ЈОУДГ „Калинка” Валандово за воспитната 2026/2027 година;
  12. Годишен план за вработување на ЈОУДГ „Калинка” Валандово за 2027 година;
  13. Одлука за давање согласност на ЈОУДГ „Калинка” Валандово за прием и организирање на работата со помал, односно поголем број на деца од законски утврдениот број.

 

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Претседател
Марија Чурлинова

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email