ул. „Иво Лола Рибар“ бр. 3, 2460 Валандово • 034/382-044
Република Северна Македонија

Општина Валандово

Соопштенија• Огласи

Објава бр. 03/2026 за отуѓување на недвижна ствар сопственост на Општина Валандово по втор пат

Објава бр. 03/2026 за отуѓување на недвижна ствар сопственост на Општина Валандово по втор пат

Врз основа на член 24, став (3) од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на РМ“ бр.78/15,106/15,153/15,190/16, 21/18, и („Службен весник на РСМ“ бр.101/19, 275/19 и 122/21),  Одлуката на Советот на Општина Валандово за продажба на недвижна ствар сопственост на Општина Валандово на КП.бр.515/4 КО Раброво бр. 08-150/14 од 04.08.2026 година („Службен гласник на Општина Валандово“ бр.08/26), Комисијата за располагање со недвижни и движни ствари на Општина Валандово врши:

ОБЈАВА БР. 03/2026
за отуѓување на недвижна ствар сопственост на Општина Валандово по втор пат

 

  1. ПРЕДМЕТ НА ОБЈАВАТА

Предмет на оваа објава е продажба (отуѓување) на недвижна ствар во сопственост на Општина Валандово на КП.бр.515/4 КО Раброво.

 

  1. ПОДАТОЦИ ЗА НЕДВИЖНОСТА КОЈА Е ПРЕДМЕТ НА ОТУЃУВАЊЕ

Предмет на оваа објава е продажба на недвижен имот кој се наоѓа на КП 515/4 КО Раброво, запишан во имотен лист број 585 за КО Раброво, со запишано право на сопственост на Општина Валандово и се состои од:

Лист Б:
-КП 515/4, м.в Рудник, кат. Култура 50000 1 (земјиште под зграда), со вкупна површина од 245 m2.

Лист В:
-КП 515/4, м.в Рудник, објект бр. 1, намена-деловна зграда во стопанство, влез 1, кат 1, површина 211m2,
-КП 515/4, м.в Рудник, објект бр. 1, намена-лоѓии, балкони и тераси, влез 1, кат 1, површина 8m2,
-КП 515/4, м.в Рудник, објект бр. 1, намена-деловна зграда во стопанство, влез 1, кат ПО површина 201m2,
-КП 515/4, м.в Рудник, објект бр. 1, намена-лоѓии, балкони и тераси, влез 1, кат ПР, површина 8m2,
-КП 515/4, м.в Рудник, објект бр. 1, намена-деловна зграда во стопанство, влез 1, кат ПР површина 201m2,

Земјиштето на кое се наоѓа недвижниот имот кој е предмет на отуѓување не е планирано ниту со урбанистички план, ниту со урбанистичко-проектна документација, ниту е во опфат на урбанистички план или на урбанистичко-проектна документација во постапка на донесување.

 

  1. ПОЧЕТНА ЦЕНА НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ ЗА НЕДВИЖНОСТА КОЈА Е ПРЕДМЕТ НА ОТУЃУВАЊЕ

Почетната цена на јавното наддавање за продажба на опишаниот недвижен имот во точка 2 од оваа објава е утврдена согласно Извештајот за процена на недвижен имот од Трговец поединец за вештачење и проецна Д-р Атанас Ѓорги Џуровски ТП Ресен со деловоден бр. 56 2026 од 30.04.2026 година и изнесува 4.689.019,00 денари.

 

  1. БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ЗА НЕДВИЖНОСТА КОЈА Е ПРЕДМЕТ НА ОТУЃУВАЊЕ

Банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2,0% од проценетата вредност на недвижната ствар, за учество на јавното наддавање односно банкарска гаранција во износ од 93.780,00 денари,  со рок на важење најмалку до 01.04.2027 година.

Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање му се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на солемнизација на договорoт.

 

  1. РОК И НАЧИН ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ И ВРЕМЕ НА ПОЧЕТОК НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Рокот за поднесување на пријава за учество на јавното наддавање е 20 дена од денот на објавување на објавата, заклучно со 26.10.2026 година (понеделник).

Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува на електронскиот систем на интернет страницата www.e-stvari.mk, и треба да ги содржи сите податоци и докази кои се утврдени во објавата за електронско јавно наддавање, освен банкарската гаранција која се доставува и во оригинал во архивата на Општина Валандово.

Електронското јавно наддавање ќе се одржи на ден 30.10.2026 година (петок) со почеток од: 10:00 часот.

Електронското јавно наддавање ќе се одржи на интернет страница www.e-stvari.mk.

 

  1. ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на електронското јавно наддавање имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои можат да се стекнат со сопственост на движните ствари на територијата на Република Северна Македонија согласно со закон и кои ги исполнуваат условите дадени во објавата.

Заинтересираните лица можат да учествуваат со поднесување на Пријава за учество на јавното наддавање. Образецот за пријавата на учество и Изјава за прифаќање на условите можат да се подигнат секој ден во просториите на Општина Валандово, како и на веб страната на Општина Валандово и  на електронскиот систем www.e-stvari.mk.

Увид на недвижната ствар може да се изврши секој работен ден до 26.10.2026 година во периодот од 08 до 14 часот. Лице за контакт: Горан Дончев тел.072-279-936.

 

  1. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ

Заинтересираните правни и физички лица поднесуваат Пријава за учество на електронското јавно наддавање, која треба да содржи:

 

7.1. Изјава за прифаќање на условите што се дадени во Објавата;

7.2. Изјава за давање согласност за користење и обработка на личните податоци на понудувачот и одговорното лице на понудувачот;

7.3. Банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2 % од проценетата вредност на недвижната ствар, за учество на јавното наддавање. Покрај електронски, банкарската гаранција за сериозност на понудата треба во писмена форма (во оригинал) да се достави на адреса – Општина Валандово ул.„Иво Лола Рибар“ бб Валандово за Комисија за располагање со недвижни и движни ствари на Општина Валандово до крајниот рок за поднесување на пријавата за учество на јавното наддавање. Недоставувањето на банкарската гаранција во писмена форма до Комисијата ја прави пријавата неприфатлива и истата ќе биде одбиена.

7.4. Доказ за идентитет за правни лица;
– тековна состојба од Централен регистар на РСМ – не постара од шест месеци од денот утврден како краен рок за поднесување на пријавите за учество (за домашни правни лица);
– извод од регистрација од соодветен регистар во државата од која доаѓа не постара од шест месеци од денот утврден како краен рок за поднесување на пријавите за учество (за странски правни лица);

7.5. Доказ за идентитет на физички лица:
– копија од лична карта или патна исправа;

7.6. Е-маил адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронско јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничкото име и шифра за пристап на страната www.e-stvari.mk на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање.

Комисијата, по приемот на пријавите, утврдува дали се доставени во определениот рок и дали се комплетирани, согласно со условите во објавата, по што ги известува подносителите на пријавите по електронски пат. На подносителите на пријавите кои се комплетни, Комисијата во рок од 3 (три) дена од денот на доставувањето на понудите им доставува корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на подносителите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање.

 

  1. ПОСТАПКА

Јавното наддавање започнува со објавување на почетната цена на недвижноста и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.

Јавното наддавање ќе се одржи и доколку по Објавата се пријавил само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во Објавата и ја наддаде почетната цена.

Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат односно зголемуваат цената на недвижноста. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда. Јавното наддавање продолжува неограничено, се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.

Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, вредноста се намалува за 2% од проценетата вредност по што учесниците на јавното наддавање повторно имаат можност да ја прифатат односно зголемуваат цената на месечната закупнина, однодно цената на недвижноста која се отуѓува, без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда. Доколку во времетраење од 5 минути повторно нема понуда, вредноста на движната ствар повторно се намалува за 2% од првичната проценета вредност. Намалувањето на вредноста на недвижната ствар во текот на наддавањето, доколку станува збор за објава по вторпат може да биде најмногу до 30%, доколку на јавното наддавање се пријавил само еден заинтересиран учесник, а доколку се пријавиле двајца или повеќе учесници, намалувањето на вредноста на недвижната ствар може да биде до најмногу 50% од проценетата вредност.

За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за недвижноста која се отуѓува.

Комисијата по завршување на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.

Учесниците имаат право на Приговор само по однос на постапката за јавно наддавање, во рок од три дена од одржувањето на јавното наддавање до Комисијата, која одлучува по приговорот со Решение во рок од 5 дена од приемот на приговорот. Против решението може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор е должен да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена на наддавањето на сметка на Општина Валандово, а доколку не ги уплати во овој рок нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната недвижна ствар.

Со најповолниот понудувач, во рок од 15 работни дена по извршената уплата на цената постигната на јавното наддавање, се склучува Договор за отуѓување за недвижната ствар која е предмет на отуѓување. Договорот во рок од 30 дена закупецот односно купувачот го доставува кај нотар заради вршење на солемнизација. Обврската за трошоци за солемнизација на Договорот и обврската за спроведување на солемнизираниот договор во Агенцијата за катастар на недвижности паѓа на товар на купувачот.

Најповолниот понудувач по склучување на договорот за закуп на недвижниот имот, односно по склучување на договорот за отуѓување ќе има обврска за плаќање на годишен данок на имот во висина од 0,15% од проценетата вредност на недвижниот имот.

Најповолниот понудувач по склучување на договор за отуѓување за недвижната ствар која е предмет на отуѓување од оваа објава ќе има обврска за плаќање на данок на промет во висина од 3,0% од проценетата вредност на недвижниот имот.

Оваа објава ќе биде објавена на web страната на Општина Валандово, на електронскиот систем www.e-stvari.mk и во два дневни весници.

 

Комисија за располагање со недвижни и
движни ствари на Општина Валандово

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email