ул. „Иво Лола Рибар“ бр. 3, 2460 Валандово • 034/382-044
Република Северна Македонија

Општина Валандово

Соопштенија• Огласи

КОНКУРС за доделување на наградата „6 Ноември“ и годишно признание на Советот на Општина Валандово по повод празникот на општината

КОНКУРС за доделување на наградата „6 Ноември“ и годишно признание на Советот на Општина Валандово по повод празникот на општината

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.5/2002 и „Службен весник на РСМ“ бр.202/2024), член 9 и член 36 став 1 алинеја 9 од Статутот на Општина Валандово,  Градоначалникот на Општина Валандово по повод празникот на општината „6 Ноември“, распишува

 

К О Н К У Р С
за доделување на наградата „6 Ноември“ и годишно признание на Советот на Општина Валандово по повод празникот на општината

 

Награда „6 Ноември“ се доделува на физички и правни лица од Општина Валандово и пошироко, како знак на општо признание за особени постигнувања и придонес во афирмација и развој на општината во сите области на општествениот живот (стопанство, наука, уметност, образование, култура, хуманост и др.).

Наградата „6 Ноември“ се доделува по повод Денот на општината „6 Ноември“ и тоа за континуирани резултати за подолг период на работно и творечко ангажирање.

Признанието се доделува и по други поводи за лични залагања и особен придонес за општината, во сите области на општественото живеење за пократок период.

Наградата „6 Ноември“ е во форма на плакета.

 

Признанието е во форма на диплома.

 

Право да предлагаат кандидати за Награда и Признание имаат сите правни и физички лица.

 

Предлогот мора да е образложен, а кога станува збор за поединци, група творци треба да се приложи и кратка биографија. Предлагачите притоа мора да нагласат за која од општинските награди го предлагаат кандидатот и треба да приложат своја полна адреса и назив на седиштето, односно името и адресата.

 

Краен рок за поднесување на предлозите е 15.10.2026 година до 16:00 часот.

 

Предлозите се поднесуваат на следната адреса: Општина Валандово ул. Иво Лола Рибар бр.3, Валандово, со назнака „За 6 Ноемвриска награда“


ДОКУМЕНТИ:

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email