ул. „Иво Лола Рибар“ бр. 3, 2460 Валандово • 034/382-044
Република Северна Македонија

Општина Валандово

Новости

Закажана промоцијата на винил плочата „Распеани Валандовчани“ во продукција на Мирко Попов

Закажана промоцијата на винил плочата „Распеани Валандовчани“ во продукција на Мирко Попов

Ја најавуваме промоција на новата винил плоча на „Распеани Валандовчани“ создадена преку нивната соработка со еден од најистакнатите културни дејци во државата Мирко Попов.

Свечената промоција на винилот ќе се одржи на:
– 04.09.2025 година (четврток)
– 20:00 часот
– Кино сала во Валандово.

Вокалната група „Распеани Валандовчани“ претставува чувар на локалното музичкото наследство. Нивната посветеност во негувањето на изворните мелодии, локалниот дијалект и традицијата е од непроценливо значење за нашиот културен идентитет.

Ги покануваме сите заинтерисирани граѓани да присуствуваат на овој настан и заеднички да ја поздравиме изработката на новата плоча како трајна вредност за нашата локална заедница и пошироко.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email