Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002 и „Службен весник на РСМ“ бр.202/24), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на петнаесеттата редовна седница
на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам петнаесеттата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 30 ти октомври 2026 година (петок) во 13:00 часот, во салата за седници на Советот на Општина Валандово.
За работа на петнаесеттата редовна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Валандово за извештајниот период (кумулативно) за квартал 01.01.2026 година до 30.09.2026 година;
- Елаборат за процена на штети од елементарна непогода настаната како последица на силно невреме проследено со врнежи од дожд и град, грмежи и силен ветер кое го зафати подрачјето на Општина Валандово на ден 24.06.2026 година;
- Предлог – Одлука за одобрување финансиска помош за лекување во Русија на Филип Марковиќ од с.Марвинци, Валандово.
- Предлог- Одлука за донесува Урбанистички план за село Јосифово, Блок 4, Општина Валандово
- Предлог- Програма за изменување и дополнување на програмата за поставување на урбана опрема во Општина Валандово за 2026 година
- Предлог-Одлука за определување на широчината на заштитен крајбрежен појас на водотекот во опфатот на измена и дополна на одобрена планска документација за урбанистички за урбанистички план за вон населено место за стопански комплекс “Еурохормонес ДОО” измени и дополнување во атар на КО Раброво, Општина Валандово
СОВЕТ НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Претседател
Марија Чурлинова