Врз основа на член 99 став 1, член 107 став 13 и член 122 став 4 од Законот за заштита на животната средина (“Службен весник на РСМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 15/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и Сл. Весник на РСМ бр. 89/22 и 171/22) Градоначалникот на Општина Валандово врши:
ОБЈАВУВA
За нацрт Б Интегрирана еколошка дозвола на
Друштво за производство, трговија и услуги АГРИПРО ГРУП ДООЕЛ Скопје, Подружница бр.2 Живинарска Фарма Валандово – Инсталации за интензивно живинарство со повеќе од 5000 до 40000 места за живина, со капацитет 38000 кокошки – несилки
Согласно член 122 став 1 од законот за животна средина (“Службен весник на РСМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 15/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и Сл. Весник на РСМ бр. 89/22 и 171/22), до Градоначалникот на општина Валандово доставено е барање за издавање на Б – интегирана еколошка дозвола бр.12-941/1 од 21.07.2025 година, Корекција на барање со број 12-941/3 од 19.12.2025 година и Дополнување на барање со број 12-126/3 од 18.02.2026 година
Подносител на барањето:
Друштво за производство, трговија и услуги АГРИПРО ГРУП ДООЕЛ Скопје, Подружница бр.2 Живинарска Фарма Валандово
Инсталации за интензивно живинарство со повеќе од 5000 до 40000 места за живина, со капацитет 38000 кокошки – несилки
Адреса на подносителот:
ул: Перо Наков бр.31, Скопје – Гази Баба, Македонија
Адреса на инсталација:
Страиште бр. 2 Валандово
Овластен претставник:
Бруно Грозданов
Категорија на инсталацијата:
Прилог 2: Инсталации за интензивно живинарство со капацитет од 5000 до 40000 места за живина, со капацитет 38000 кокошки – несилки
Врз основа на член 99 и член 122, став 4 од Законот за животна средина (“Сл. Весник на РСМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и “Сл. Весник на РСМ” бр.89/22 и 171/22), Градоначалникот на општина Валандово ја информира заинтересираната јавност дека сите потребни информации за нацрт Б Интегрирана еколошка дозвола, ќе бидат достапни во:
- Просториите на општина Валандово во Одделението за урбанизам комунални дејности заштита на животната средина и локален економски развој секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.
- На web страната на општина Валандово – www.valandovo.gov.mk.
ДОКУМЕНТИ:
– Објава (Преземи PDF)
– Нацрт – Б интегрирана еколошка дозвола (Преземи PDF)
– ЛИНК од објава на барање за Б интегрирана еколошка дозвола
