Врз основа на член 99 и член 122 став 4 од Законот за заштита на животната средина (“Службен весник на РСМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 15/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и Сл. Весник на РСМ бр. 89/22 и 171/22 Градоначалникот на Општина Валандово врши:

ОБЈАВA

На барањето на Б Интегрирана еколошка дозвола на Друштво за производство, трговија и услуги АГРИПРО ГРУП ДООЕЛ Скопје

Врз основа на член 124 од Законот за заштита на животната средина (“Сл. Весник на РСМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и (“Сл. Весник на РСМ” бр. 89/22 и 171/22), Операторот на инсталацијата Друштво за производство, трговија и услуги АГРИПРО ГРУП ДООЕЛ Скопје Инсталации за интензивно живинарство со повеќе од 5000 до 40000 места за живина, со капацитет 38000 кокошки – несилки поднесе барање за Б Интегрирана еколошка дозвола.

Врз основа на член 99 и член 122, став 4 од Законот за животна средина (“Сл. Весник на РСМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и  “Сл. Весник на РСМ” бр.89/22 и 171/22), Градоначалникот на општина Валандово ја информира заинтересираната јавност дека сите потребни информации за барањето за Б Интегрирана еколошка дозвола, ќе бидат достапни во:

  • Просториите на општина Валандово во Одделението за урбанизам комунални дејности заштита на животната средина и локален економски развој.
  • На web страната на општина Валандово – valandovo.gov.mk.

Заинтересираната јавност своите забелешки може да ги достави усно до Одделението за урбанизам комунални дејности заштита на животната средина и локален економски развој и писмено обраќање до општина Валандово ул. Иво Лола Рибар бр. 3,  2460 Валандово.

Информации за инсталацијата можат да се добијат во Друштво за производство, трговија и услуги АГРИПРО ГРУП ДООЕЛ Скопје кај лицето Бруно Грозданов, на адреса на поднесителот ул: Перо Наков бр.31, Скопје – Гази Баба, Македонија и на адреса на инсталацијата м.в Страиште бр. 2 Валандово

Инсталацијата е објект за одгледување на живина со собирно место за чување и сортирање на јајца.

Време за увид на планскиот документ ќе биде од 8:00 – 16:00 часот, во периодот од 29.12.2025 до 30.01.2026 година (30 дена).


ДОКУМЕНТИ:
– Објава (Преземи PDF)
– Барање на Б интегрирана еколошка дозвола (Преземи PDF)