Историја

Античка историја
На подрачјето на денешно Валандово во античко време постоела римска населба, за што сведочат откриените римски мозаици и други археолошки материјали во различни делови од градот. На територијата на Општина Валандово се откриени четириесет археолошки локалитети, меѓу кои поважен е античкиот град Исар, во близина на селото Марвинци, кој се
идентификува со античкиот град Идомена, чие потекло датира од крајот на 5 век п.н.е. и се наоѓал на патот Солун – Белград. Градот цветал во римско време, но во почетокот на 6 век бил уништен од силен земјотрес.

По исчезнувањето на античкиот град Исар, Валандово прераснало во значајна стратешка населба во Валандовската котлина. Некои изворни материјали и легенди велат дека античкиот град на чии темели денес лежи Валандово, во раниот византиски период се споменува како Микро Цариград (Мал Цариград)

Средновековна историја
Словените се населиле во Валандово и неговата околина кон крајот на 6 век или на почетокот на 7 век. Во тоа време се забележани големи промени, како во однос на структурата на населението, така и во промената на топонимите на населбите. Во пишаните извори градот првпат се споменува во 10 век како Валандер. Но, тоа не значи дека Валандово како населба не постоело претходно. Археолошките наоди во градот се потврда. Името „Валандер“ е изведено од прекрасната местоположба на градот во долината. Прекрасна долина или добра долина, на старословенскиот јазик значела „валјан дол“ („валандол“ или Валандово). Прекрасната Валандовска долина ги имала и епитетите: „златна долина“, „зелена долина“ итн. Во средновековниот период Валандово се споменувало и со името Алавандово, што значи „град на цвеќето“ („град на цвеќето“). Градот се споменува под ова име во црковна повелба на српскиот цар Душан од 1349 година. Од зборот „Алавандово“, со испуштање на првата буква „а“ и преку метатеза на првите слогови, се добива името Валандово.