Географска местоположба

Општина Валандово се наоѓа во југоисточниот дел на Северна Македонија. Се наоѓа јужно од Демиркаписката клисура, источно од реката Вадар и западно и северно од планинските ограноци Плавуш и Беласица. Територијално, се граничи со општина Конче на север, со општина Струмица на исток, со општините Дојран и Богданци на југоисток и со Гевгелија на запад. На исток се граничи со Р. Грција.

Валандово е раскрсница на многу важни патишта што водат кон Скопје, Гевгелија, Дојран и Струмица. Низ општина Валандово поминува автопатот Гевгелија – Скопје.
Во близина на општина Валандово има три гранични премини. Граничниот премин кон Р. Грција, Дојран, е оддалечен 26 км, Богородица 30 км, а граничниот премин Ново Село кон Р. Бугарија е оддалечен 48 км.

Општина Валандово е релативно голема општина со 331 км. Според стапката на надморска височина со просек од 226 метри, спаѓа меѓу најниските општини во Република Северна Македонија. Просечната висина на Валандовското поле е 82 метри.
Според конфигурацијата на теренот, подрачјето на општината може да се подели на два дела:
ридско-планински и рамничарски.

Ридско-планинскиот дел зафаќа околу 20,8 км или 63% од вкупната површина на Општината, и тоа: целата северна страна на градот опкружена со планината Плавуш, од исток со Беласица и од југ со Погана.
Рамничарскиот дел зафаќа површина од 12,3 км² или 37% од површината на Општината и се протега од подножјето на Беласица, односно од изворот на Анска река, по целото нејзино течение, па сè до вливот во реката Вардар.