Г-дин Перо Костадинов е роден 1987 година во Валандово. Основно училиште завршува во ООУ „Страшо Пинџур“ во Јосифово, средно училиште завршува во СОУ „Гоце Делчев“ во Валандово а дипломира на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. После дипломирањето работи во АД ИГМ Еленица Струмица и во Еко Оранжерии Валандово како комерцијалист. Во периодот 2015 до 2017 година е член на Советот на Општина Валандово. Во 2017 година на локланите избори е избран за градоначалник на Општина Валандово, а додека на локалните избори во 2021 година добива втор мандат од граѓаните.
Контакт информации
Градоначалник на Општина Валандово
Ул. „Иво Лола Рибар“ бр.3
2460 Валандово
Република Северна Македонија
e-mail: gradonacalnik@valandovo.gov.mk
Тел: 034 / 382-044
Факс: 034 / 382-044
2. Градоначалник на општината (надлежности)
Член 35
Градоначалникот ја претставува и застапува општината.
Градоначалникот се избира на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање во согласност со закон за период од 4 (четири) години.
Градоначалникот својата функција ја извршува професионално.
Член 36
Градоначалникот во своите надлежности:
– иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на Советот на општината;
– го обезбедува извршувањето на работите кои му се делегирани од органот на државната управа;
– го предлага годишниот Буџет и годишната сметка на Буџетот на општината;
– го извршува Буџетот на општината;
– решава во управни работи за права, обврски и итереси на правни и физички лица, во согласност со закон;
– раководи со општинската администрација;
– донесува правилник за систематизација на работните места во општинската администрација;
– одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон;
– врши и други работи утврдени со закон и со овој Статут.
Градоначалникот има право да присуствува и учествува во работата на седниците на Советот.
Член 37
Градоначалникот ги објавува прописите на Советот во Службен Гласник на општината.
Градоначалникот го обезбедува извршувањето на одлуките на Советот.
Член 38
Градоначалникот е должен во рок од 7 (седум) дена од денот на доставувањето на прописот на Советот со решение да го запре неговото објавување доколку смета дека не е во согласност со Уставот и законите.
Примерок од образложеното решение за необјавување се доставува до претседателот на Советот на општината;
Советот е должен, во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на решението да го разгледа и да одлучи по него.
Ако Советот го потврди прописот или не расправа во рокот од ставот 3 од овој член, градоначалникот е должен да го објави прописот и истовремено да поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставност и законитост на оспорениот пропис пред Уставниот Суд на Република Северна Македонија.
За иницијативата градоначалникот е должен да го информира Министерството надлежно за вршење на работите што се однесуваат на локалната самоуправа.
Член 39
Градоначалникот најмалку два пати годишно го информира Советот за извршувањето на одлуките донесени од страна на Советот.
За извршување на своите надлежности Градоначалникот го информира Советот по потреба, а најмалку еднаш во годината.
Член 40
Градоначалникот управува со сопственоста на општината како добар домаќин.
Во управувањето со сопственоста на општината градоначалникот е должен да превзема мерки и да го обезбедува користењето на сопственоста во согласност со закон.
Член 41
За време на спреченост или отсуство до шест месеци, градоначалникот го заменува член на Советот на општината кој го назначува градоначалникот.
За денот на настапувањето на спреченоста или отсуството градоначалникот го информира претседателот на Советот и со решение го определува членот на Советот кој ќе го заменува.
За времето на заменување на градоначалникот, на членот на Советот на општината му мирува функцијата член на Советот.
Претседателот на Советот не може да го заменува градоначалникот.
