Во тек е повикот за аплицирање за субвенција од 10.000 денари за секој новозапишан ученик во СОУ „Гоце Делчев“ во Валандово.
Право на субвенција за семејствата кои имаат ученик запишан во прва година во СОУ „Гоце Делчев” Валандово имаат родителите/старателите на сите ученици запишани во прва година, за прв пат во средното општинско училиште, во учебната 2025/2026 година.
За остварување на правото на субвенционирање на семејствата кои имаат ученик запишан во прва година, се поднесува Барање до Општина Валандово, во период од 02.06.2025 година до 30.09.2025 година.
Барањето за остварување на еднократна помош за средношколец, може да се поднесе:
- онлајн преку веб или мобилната верзија на дигиталната платформа мЗаедница, во делот за „Субвенции“ или
- писмено пополнување и поднесување на барање до архивата на Општина Валандово;
Непополнето барање е прикачено на официјалната веб страна на општината и може да се симне на следниот ЛИНК.
Документи кои треба да се достават во прилог на барањето се:
- Потврда за запишан ученик во прва година за прв пат, во учебната 2025/2026 година издадена и заверена од Средното општинско училиште „Гоце Делчев” Валандово;
- Фотокопија од важечки лични карти или патни исправи од родителите/старателите на ученикот;
- Извод од матична книга на родените за ученикот;
- Фотокопија од трансакциска сметка на еден од родителите/старателите.
