На 23.07.2025 год. се одржа координативна средба за реализација на проектот за поддршка и вмрежување на лицата со попреченост и организациите на лицата со попреченост во земјите од Западен Балкан, кој општина Валандово го имплементира во соработка со Здружението „Институт за развој на заедницата“.
На средбата беше иницирано формирање на работна група посветена на прашањата за инклузија и беа договорени основните механизми за нејзино функционирање.
Се разговараше и за локалните иницијативи што ќе произлезат од работата на групата, а кои ќе бидат поддржани преку проектните активности.
Вкупната вредност на проектот изнесува 103.400 евра, средства што ќе се насочат кон директна поддршка на лицата со попреченост во општина Валандово.
Инклузивното општество е заедничка одговорност.
Правиме значаен чекор кон создавање заедница во која секој човек има еднаква шанса.
Линкови до објави на социјалните мрежи: Општина Валандово, ИРЗ Македонија

