Врз основа на член 27 став 5 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање (“Службен весник на РСМ” бр.32/20,111/23, и 171/24), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), Градоначалникот на Општина Валандово упатува:

 

Ј А В Е Н    П О В И К

за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Нацрт-Детален урбанистички план за Урбана единица 1, Блок 1.2, КО Валандово, Општина Валандово со технички број 102/2024 од Maj 2025 година изработен од Институт за урбанизам, сообраќај и екологија ИН-ПУМА ДОО Скопје

 

Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, широката јавност, претставници на стручната јавност, претставници од органи на државната управа, претставници на единиците на локалната самоуправа, стручни лица од невладини организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат, дека општина Валандово организира јавна презентација и јавна анкета за Нацрт- Детален урбанистички план за Урбана единица 1, Блок 1.2, КО Валандово, Општина Валандово со технички број 102/2024 од Maj 2025 година изработен од Институт за урбанизам, сообраќај и екологија ИН-ПУМА ДОО Скопје.

 

Граници на опфатот сe:

  • На север со урбан блок 1.4 и 1.5
  • На исток со урбан блок 1.3
  • На југ со урбан блок 5.1 и Улица 1 (Градска магистрална улица)
  • На запад со урбан блок 1.1

 

Согласно опишаните граници за предметниот Детален урбанистички план за Урбана единица 1, за Блок 1,2 во град Валандово помеѓу улиците Улица 1 (Градска магистрална улица) ,сервисна 2, сервисна 15, сервисна 16 и сервисна 3, вкупната површина на планскиот опфат изнесува: 5.77 Ха

 

Јавната анкета

Јавната анкета за Нацрт- Детален урбанистички план за Урбана единица 1, Блок 1.2, КО Валандово, Општина Валандово со технички број 102/2024 од Maj 2025 година изработен од Институт за урбанизам, сообраќај и екологија ИН-ПУМА ДОО Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Валандово како и со објавување на планот во системот за е-урбанизам и на веб страната на Општина Валандово.

Јавната анкета ќе трае 31  (триесет и еден) денови и тоа од  07.08.2025 година  до 06.09.2025 година, секој работен ден од 07.00 до 16.00 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.

  

Јавната презентација

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 06.08.2025 година  во  12:00 часот во просториите на општина Валандово.

 

ДОКУМЕНТИ: