ОПШТИНА ВАЛАНДОВО

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002 и „Службен весник на РСМ“ бр.202/24), член 19 став 2  од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е за свикување на четириесет и деветтата редовна седница на Советот на Општина Валандово

 

Ја свикувам четириесет и деветтата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 30 ти јули 2025 година (среда) во 12:00 часот во салата за седници на Советот на Општина Валандово.
За работа на четириесет и деветтата редовна седница го предлагам следниот:

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д
  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Валандово за извештајниот период (кумулативно) за квартал 01.01.2025 година до 30.06.2025 година;
  2. Предлог – Одлука за измени и дополнувања на Буџетот на Општина Валандово за 2025 година;
  3. Предлог-План за измена и дополнување на Планот на програмите за развој на Општина Валандово за 2025 година;
  4. Годишен план за вработување на ЈОУДГ „Калинка” Валандово за 2026 година;
  5. Годишен извештај за работата на ЈОУДГ „Калинка” Валандово за воспитната 2024/2025 година;
  6. Годишна програма за работа на ЈОУДГ „Калинка” Валандово за воспитната 2025/2026 година;
  7. Годишен план за вработување на ЈОУ Дом на културата „25-ти Мај” Валандово за 2026 година;
  8. Годишен извештај за работата на СОУ „Гоце Делчев” Валандово за учебната 2024/2025 година;
  9. Годишна програма за работа на СОУ „Гоце Делчев” Валандово за учебната 2025/2026 година;

 

Претседател на Совет на Општина Валандово
Владимир Марков