На 09.06.2025 година, градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов, заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска и заменик амбасадорката на САД Никол Варнс, присуствуваше на свечен настан по повод реконструкцијата на подрачното основно училиште „Гоце Делчев“ во Пирава.
„Со меѓусебна поддршка успеавме да го реконструираме еден од најстарите училишни објекти во општината, да ги оптимизираме трошоците и да создадеме подобри услови за образование и едносменска настава за нашите ученици.
Искажувам благодарност на Амбасадата на САД за финансиската поддршка, како и на Министерството за образование и наука за заедничката реализација на овој проект“ – изјави градоначалникот Перо Костадинов.
Линк до објава и фотогалерија

